Изминатата недела неколку правни случаи во Основниот суд Куманово ги завземаа просторите на порталите и останатите медиуми, па како човек, правник и адвокат вклучен во истите чуствувам и лична одговорност да одговорам на обидот за “политички линч“ кој
одредени претставници на законодавната и локалната власт се обидуваат да им го направат на одделни судии во судот во Куманово, но и на целиот Основен суд Куманово како целина, како независен суд кој има резултати меѓу најдобрите во Македонија и самите судии и судот во целина подлежат на навреди и притисоци кои воопшто не ги заслужуваат.
Секако, првиот случај е тужбата на пратеникот Мартин Костовски против пратеникот Бране Петрушевски за утврдување на граѓанска одговорност за клевета и навреда која постапка пред првостепениот суд ја доби Костовски а беше утврдено дека Петрушевски ја повредил честа и угледот на Костовски. И толку. Тоа е судкса пресуда. Тука нема место за “политички игри“ од типот “опозиционите пратеници се замолчени“! Врска нема пресудата со пратеници од власта или пратеници од опозицијата. Пресудата има единствено врска со владеење на правото и еднаквоста на граѓаните на Македонија пред Уставот и законите.
Тука би сакал да се повикам и на ставот на Основниот суд Куманово во кој се вели дека “Основниот суд Куманово, во врска со предметот за кој постои јавен интерес - постапката за утврдување на граѓанска одговорност за клевета и надомест на штета, во
која странки се двајца пратеници во Собранието на РСМ, во својство на тужител и тужен, ја известува јавноста дека постоење или непостоење на одговорност на тужениот, како и на евентуални основи за исклучување на одговорноста, се утврдува во текот на судската постапка, врз основа на презентираните докази, примена на позитивните законскита прописи, а по слободно судиско уверување, а во образложение на секоја одлука се наведуваат и причините поради кои одлуката е донесена и прописите кои се применети при одлучувањето. Против првостепената одлука на судот, како што е тоа во конкретниот случај, незадоволната странка има право на жалба, која ќе биде предмет на оценка од повисоките судови. Секое јавно арбитрерно толкување на закони од јавноста, како и коментари на конкретни судски постапки и судски одлуки кои се во тек и кои не се правосилно завршени, особено кога доаѓаат од претставници на законодавната или извршната власт, претставуваат вид на напад врз самостојноста и независноста на судската власт, обид за притисок и влијаните врз судовите на исходот на судската постапка, но и чин со кој се доведува во заблуда јавноста за работата на судовите, се нарушува угледот на судот и често и на судијата кој постапува по предметот, се зголемува недовербата на јавноста во судството, со цел остварување на одредени цели“.
И тука се е јасно кажано! Арно ама, она што опозицијата сака да го наметне во јавноста е дека имало некаков политички притисок, дека само тие 120 пратеници во Собранието, без разлика дали се во владеачкото мнозинство или опозиционото малцинство, исто како и членови на Владата, без разлика која партија раководи со истата, НЕ ОДГОВАРААТ! Ма немој??! Тоа се вика “КАКО МАЛИ ЃОКИЦА ЗАМИШЉА СВЕТ“ или како ДПМНЕ замислува да владее со државата ако, не дај боже, дојде на власт... закани на пратеници, доктори, адвокати па замислете и судии! Ало дечки, дај намалите гас и дигнете “ручна“, заканите не ви поминуваат! Да не навлегувам премногу во правото, ама вие не разликувате кривична одговорност, за која имате имунитет под одредени услови, од граѓанска одговорност од која немате. Никој не ја прочитал пресудата па да види какви се клевети и навреди се изнесени од еден кон друг колега во Собранието. И... што треба да прават судиите по вашата логика? Да Ви простат само затоа што Вие сте пратеници или
функционери додека ние останатите 2 милиони граѓани на Македонија треба да внимаваме што ќе кажеме за да не Ве навредиме Вас? Стварно??! И сега слушам, сите 44 пратеници на говорница ќе го повторуваат истото за да предизвикаат исто толку тужби!
Бреее, јака ви е тактика. Па од мене сигурно ќе добиете тужба ако уште еднаш, како денес, излажете како тој анонимус пратеник од Ѓорче Петров дека за овој случај “ме плаќала некоја институција“. Јас сигурно ќе ве тужам и ќе ве добијам, за пратеникот не знам, ама претпоставувам дека и тој ќе ве тужи. Треба еднаш засекогаш да научите дека никој не е над законот па ни вие пратениците, и дека впрочем, имате право да се жалите до Апелација, Врховен суд, Стразбург, па повелете, никој не ви брани. Впрочем, истиот тој
суд, по ист основ на лидерот на КакоПаДаНеЗнам, коалициониот партнер на ВМРО- КакоПаДаНе му досуди дупло поголема сума и тоа од пратеник и кандидат за градоначалник... И пак не ви чини???
Вториот случај, исто така е исклучително интересен. Имено, за првпат во историјата, Основниот суд Куманово со првостепена пресуда утврди постоење на мобинг, односно вознемирување на работно место, а ова покрај што е прва пресуда во Куманово, вкупно е трета во Македонија. Имено, судот утврдил дека директорката на градската библиотека вознемирувала на работно место своја вработена па и нареди тоа да не го прави повторно односно, кумановски кажано, “више да не ти се деси“!
Имено, се работи за раководно лице поставено од Градоначалникот на Општина Куманово, кој самиот на една седница на Советот на Општина Куманово, веројатно како “правен експерт“ изјави дека “многу е тешко да се докаже мобинг“. Па да Градоначалниче, се е тешко да се докаже ако немаш докази. Ама ако директор постевен од тебе повеќе од 10 месеци вршел вознемирување на работно место, а тоа е потврдено со докази пред судот тогаш и не е толку тешко. Само од понеделник, кога треба да донесеш одлука дали истиот директор повторно ќе остане директор, треба малку да подразмислиш кои последици тоа ќе има по тебе. Всушност, многу е едноставно, треба да размислиш дали сопругата на твојот другар ќе остане да вознемирува свои вработени зашто тогаш ќе имате поделена одговорност... таа за она што го прави а ти што не го санкционираш тоа! Имено, од Максо поставената директорка вршела дејствија поради кои на вработената и е повредено достоинството, интегритетот, угледот и честа и чувствува страв, непријатност, пониженост, притоа и е повредено физичкото и ментално здравје, копромитирана и е професионалната иднина, па крајна цел можело да биде и престанок на работното место или напуштање на работното место. Е, ама друже Максо, има правда. Куманово не ти е у наследство ни на тебе ни на тија што ги стављаш за директори а кои се понашав како шерифи у град!
А, да, ќе заборавев... друже Маки од нашу малу, ако може да те замолу да не бегаш од суд и од обвинителство. За предмети за кои тужиш и во кои општината со која раководиш е тужена не доставуваш докази и само твоите полномошници одлагаат рочишта мислејки дека ќе се спасиш... А во обвиниотелството имаш 3 кривични постапки кои се водат против тебе, арно ама луѓето не можат да те пронајдат на ниту една адреса, како да си пропаднат во земја! Веројатно ќе треба да ти достават покана на Фејсбук или Инстаграм на кои се фалиш дека нешто улици крпиш со наши пари, на сите жители на Куманово, а тврдиш дека тоа го прави твојата “тазе“ партија КакоПаДаНеЗнам. Ај уозбиљи се, ова више е работа за Антикорупциската комисија. И такој, ајт!
Виктор Божиновски адвокат
*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*