За вас млади момци од опозиционата "расчеречена" ДПМНЕ, во која сеуште појма немате кој пратеник како ќе ви гласа на референдумот, што секој ден се тресете кој е следниот "капиталец" од сопствените редови кој ќе излезе пред камери, кој е следниот Нино или Орце, за вас Маршал Тито бил анахронизам кој симболизира лажен патриотизам? Ма немој! Вие сеуште мислите дека патриотизмот во Македонија почнал некаде во август 2006 година и завршил во мај 2017! Па не може тоа така.
Јас потполно ве разбирам. Пукате од мака што не смеете јавно да кажете дека сте за бојкот на референдумот зашто ќе ви долета некој од "сестринските партии" и ќе ви залепи шамар, зашто тие од таму, повеќе ги интересира Македонија да стане стабилна држава отколку вас овде. Вие сте у таква дупка сотрени што немањето став за вас почна да станува пракса за се што е важно за државата. У ствари, не... имавте став кога го менувавте законот за пратеници за вашите да имаат повеќе привилегии. Тогаш не им беше тешко да идат во Собрание и да гласаат. Од се друго побегнавте! Откако ви дојде Мицко за лидер вие сте "као у бурету" - "не видим ништа лоше, не чујем ништа лоше"!
Кога подобро ќе размислам, Грујо барем имаше став: на него цел ден у памет му беше како да украде што е можно повеќе пари и да не го реши проблемот што му стои пред нос по никоја цена! Знаете зошто? Затоа што кога ќе помине референдумот, кога Македонија ќе влезе во НАТО и кога ќе ги почне преговорите со ЕУ, тогаш важат нови правила. Тогаш немаше да може Грујо да е шериф како на дивиот запад и да прави што ќе му текне.
Па побогу, 11 години на глава ни се качивте со референдумот. Дури во еден момент, бидејки виде дека нема каде да оди и СДСМ мораше да го промени сопствениот став и да прифати референдум како израз на "врховната воља" на граѓаните на која сами ќе одлучат за сопствената и судбина и иднина. И што е сега? Откако видовте дека сите работи кои не вие, вашата Влада не сакаше да ги реши, оваа дури и по цена на "каскање" во некои други сегменти, успеа, сега референдумот не важи, нели? Или, не знаете, не сте баш сигурни, дај да одлучиме кој како сака. Па тоа ли е став на сериозна партија? Тоа ли е "leadership"- от ваш?
Уште во нешто сте во право - незнаењето и неспособноста не оправдуваат! Вие сте толку неспособни и толку не знаете што се она што ви беше сериозна интелектуална база денес оди по Македонија и ги убедува луѓето дека подобар од овој договор нема. Главни ликови за ТВ глупости ви останаа оној типот што беше министер 17 часа, Тања Каракамишева и Сотир Костов... а, да, и Солза Грчева. Така ли се прави партија? Така ли мислите да "врвите". Па после "Европско Куманово" и "Одиме напред" не ви биле по кеиф. Па треба да заборавите дека некој ќе ви тера веќе кеиф. Треба да научите дека не може и така и вака.
Има само една добра работа... млади луѓе сте, за вас сеуште има време да разберете дека патриотизмот не е да се загрнеш со знамето од Вергина и да викаш "уууаааа" по власта, патриотизам е во секој даден момент да го правиш она што е најдобро за својата татковина, без разлика дали ќе имаш последици или не. Ако го разберете тоа, некој ден може ќе ве биде... а до тогаш, имате референдум идната недела, излезете, ваљда имате некаков став. Или јок?
Виктор Божиновски Виктор Божиновски
*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*