×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Убијте птицу ругалицу!

    Марина Манојловска

    Тука нема ништо чудно, а уште помалку смешно, во оваа работа има голема тага и револт кон себе и кон дел од сопствениот народ. Зарем дојдовме дотаму гласот да чини 500 или 1000 денари, или еден велосипед кој за воља на вистината онака зелен се вклопува во еколошки незагадената околина на населбата Бавчи. Зарем достоинството, честа, образот а пред се чувството за државност се сведува на купи-продај!?! Па, драги мои сограѓани  така се добиваат избори во Зимбабве кај Роберт Мугабе, ама во Македонија земјата на Александар Велики,земја кандидат за членство во ЕУ е недозволиво, затоа ние имавме фер и демократски избори на кои со зелен велосипед ја убивме птицата ругалица.

    Можеби ја убивме заради преродбата, реформите, демократијата, правото на слободно изразување, подобрата економска состојба  во која живееме, на крајот од краиштата и не е важно зошто,убиство со намера или без намера е сепак убиство макар тоа било и на птица која освен што пее друго злосторство нема направено.

    Но,изборите беа и поминаа, сега продолжуваме онака фер, демократски (со убиство, апсење, протести на соросоиди,кривични пријави за стечајците,Александар ни дојава на Букефал,барокот ни го украси главниот град, па, чиниш во Венеција си, уште гондоли ни фалат за превоз на оние од десниот на левиот брег и обратно) да ни се обзнани новата влада која се надевам во овој мандат ќе реши (или сфати) дека и Куманово е град во оваа држава, и дека и кумановци го полнат државниот буџет, па ќе одвојат некој денар за некое ново училиште, градинка,регионален пат, и при тоа нема да не делат на ваши и наши.

    Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Дамјановски и советниците на СДСМ, секој свој сограѓанин го сметаат за свој без разлика на политичката,етничка и верска припадност. Куманово е наш заеднички град и треба, и мора да биде по мерка на своите граѓани. Заеднички можеме многу,заеднички тоа и ќе го направиме,чекор по чекор Куманово станува пристојно место за живеење, благодарејќи токму на сите нас кои живееме овде.Имаме прекрасен плоштад, кеј, булевари, тениски игралишта, спортски сали,асфалтирани улици,уредени зелени површини и паркови, имаме многу кое треба да го одржуваме и сочуваме за идните генерации.

    Куманово е град кој е проектиран за 60.000 жители, а сега во него живеат 107.000 жители,проблеми има но се трудиме да бидат решени според можностите на буџетот со кој располагаме. За таа цел е проектирана и изградба на олимписки затворен базен, уредување на градските гробишта, асфалтирање на голем број нови улици, изградба на атлетска патека, нови спортски сали, подземни гаражи и нова деловна-администаративна зграда на Чоробенско ќоше.

    Драги сограѓани нашиот град може да биде убав,чист,изграден, ако тоа сите ние го сакаме и почитуваме, тоа и ќе го направиме.

    Куманово тоа го заслужува,Куманово тоа ќе го има,заради вас,заради сите нас.

    Кумановци во својата историја ја почитувале песната на птицата ругалица.Со таа песна оделе во сите битки и сите ги добиле,со таа песна растел и се развивал овој град, со таа песна секое утро е нов почеток за големи нешта.

    Кумановци никогаш нема да ја убијат птицата ругалица не само заради песната туку заради тоа што во нивните вени тече Карпошовата крв.

    Нека ни е вечно и убаво Куманово!

    Советник на СДСМ во Советот на Општината

    Марина Манојловска

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*