Дел од државните административци се уште со примања под минималната плата
Се уште има вработени во државната управа и во правосудството кои се со примања под минималната плата. Просечната плата секоја година се зголемува до 5 проценти, минималната плата сега е зголемена за близу 3.000 денари, додека само нашите вработени немаат добиено ништо.Оваа законска обврска мора да важи и за овие вработени“, истакна Трпе Деановски, претседател на УПОЗ, на денешниот двочасовен штрајк на вработените од управата, судовите и државните институции.