Локалните музеи во нерамноправна положба со националните, децентрализацијата ќе го решава нивниот статус Локалните музеи во Македонија играат клучна улога во зачувување и презентирање на културното наследство на своите заедници, но тие се и основа на која се гради и чува националното културно-историско богатство.
Стефанија Додевска, докторка во светот на маникирот: Бизнисот бара работа, пожртвуваност и посветеност Стефанија ЛП Додевска е млада бизнисменка, која храбро чекори низ животот, и се справува со сите предизвици во професијата.
Инклузивното образование во Македонија - чекор напред или враќање на старите модели Иклузивното образование во Македонија последните години стана клучен аспект на образовните реформи, насочен кон целосна интеграција на деца со попреченост во редовното образование.
Виолета Богдановска - пионерка меѓу жените во полицијата (видео) Најдобра во класата на првата генерација полицајки во Македонија, прва жена инспекторка за малолетничка деликвенција во Куманово, прва жена инспекторка за одбранбени подготовки во државата, началничка на Секторот за превенција, се само дел од достигнувањата во професионалната кариера на Виолета Богдановска (56) од Куманово, која од минатата година е во пензија.
Благојка Ѓорѓиевска – земјоделка која ја спојува традицијата со новите трендови (видео) Благојка Ѓорѓиевска од ранковачкото село Одрено е земјоделка, но и жена која со својата креативност и трудољубивост го спојува традиционалното и модерното. На своите 70 години, Благојка не само што ги негува наследените занаети, туку и ги интегрира новите технологии и знаења за да создаде нешто вистински уникатно.
Менопаузата кај жените: Споделете го вашето искуство и потреби Менопаузата е природен дел од животниот циклус на секоја жена, но секоја од нив ја доживува на свој начин.
Мима Николовска - единствената фотографка во Крива Паланка Во една мала, но полна со живот улица во Крива Паланка, во 1974 година, се отворил дуќанот „Фото Мима“, основан од Македонка Николовска, единствена жена која ќе го остави траен белег во светот на фотографијата во овој град.
ВИДЕО: Жените од Гиновци, чувари на традицијата и достоинството Сред плодната рамница на Славишко Поле, во селото Гиновци, еден уникатен и автентичен процес, кој се уште е „жив“, ја раскажува приказната за макотрпната женска работа, сила и посветеност.
Емилија Цветковска: Од поплавата во Стајковци до ново животно поглавје во Минхен Попусто велат дека сме понежен пол, ние жените го носиме товарот на сопствениот живот, a потоа и на децата и на целото семејство.
Потребни се длабоки реформи во државната матура, сметаат средношколците во Крива Паланка Во последниве години, државната матура е постојано под лупа на јавноста и образовните експерти. Матурантите низ целата земја споделуваат свои искуства и ставови за сегашниот систем на матурата, нагласувајќи дека се потребни длабоки реформи за да се подобри квалитетот на образованието и да се одразат вистинските способности на учениците.
Кети Дончевска Илиќ: Сама се изборив за сопствениот идентитет на театарската сцена Во почетокот ме препознаваа само како сопругата на Гиле, и ден денес има ситуации кога така ме доживуваат. Но, морам со задоволство да истакнам дека во 99 проценти повеќе не е така, затоа што јас самата многу вложив во својата кариера и се изборив за сопствениот идентитет на театарската сцена.
Финансиска несигурност, социјална исклученост и потреба за подобрување на услугите на пензионерите, покажа анкетата на Кумановоњуз „Во оваа држава само политичарите живеат достоинствено, останатите не можат да сврзат крај со крај“, вели учесник во анкетата на Кумановоњуз посветена на лицата од третото доба и условите за активно и достоинствено стареење, кој ја открива генералната слика за животот на старите лица.
Некогаш луѓето се капеле во неа и била чиста како солза, а денес Кумановка е срам на градот Повеќето реки и мостови кои се наоѓаат по градовите низ светот пружаат вистинско одушевување кога ќе поминеш покрај нив, Кумановка за жал не е таков пример, а би можела да биде.
Мерлина Николовска завршила факултет на 42 години, чува близу 100 кози и има 4 деца Се започна со една коза, се викаше Шарка, која ја купив пред речиси 20 години за да имам природно и тазе млеко за мојата трета ќерка Теа. Оттогаш стадото го множевме и денес имаме околу 60-тина кози и 40-на јариња.
Споделете го вашето мислење: Дали пензионерите имаат достоинствен живот? Дали пензионерите имаат достоинствен живот, како ги перципира заедницата, што најмногу им недостасува, какви трансформации се потребни... се дел од прашањата за кои го бараме вашето мислење, со цел подобро да ги разбереме потребите и можностите на постарата популација за активен и исполнет живот.
Перспективата на младите уметници во Македонија и Албанија: Творечката страст наспроти суровата реалност во уметничкиот свет Младите визуелни уметници честопати се движат низ лавиринт од предизвици, додека се стремат да си го откријат своето место во енергичниот уметнички свет.