Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најмладите од Крива Паланка уживаа во нови 18 весели песнички што беа изведени на фестивалот на детска песна „Распеано симитче“, кој се одржа во Центарот за култура.
На оваа традиционална детска манифестација што привлекува огромно внимание годинава се пееше за витези, манекенки, бабички, мачиња, градинка, прва љубов, правила...и многу други интересни стихови. На сцената, но и во публиката беше весело и разиграно, а солистите беа придружувани од хорчето „Распеани симитчиња“.
Организатор на фестивалот е Центарот за аудиовизуелни уметности, од оваа година ко- организатор е Центаро за култура од Крива Паланка, а се одржува под покровителство на Општина Крива Паланка.
„И оваа година настојувавме да донесеме модерни хитови, со певливи рефрени, што ќе „живеат“ меѓу најмладите. Секако, не отстапуваме и од нашата мисија на фестивалот да бидат вклучени локални и регионални автори, како и изведувачи. Така и годинава најголем дел од авторите се од Крива Паланка и Куманово. Секое ново издание настојуваме да имаме и подобра продукција,
визуелен идентитет, организација и слично“, исткнува Методи Цветковски, директор на фестивалот.
Автори на детските песнички се Игор Трајковски, Лариса Жулина Митовски, Александар Тренчовски, Дејвид Зекиров, Павлинка Вељановска, Милош Краљевски, Весна Бојковска, Оливера Николовска, Ирена Белешковска, Билјана Петковска Антовска, Милевка Тренчовска.
Песните се снимени во студиото „СМ“ на Сашко Митковски од Крива Паланка, дизајнер на плакатот е Натали Велеска, а кореографијата е на Михаела Димковска од студиото „Мак денс“ од Куманово.