×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Парк за миленици и игралиште со вештачка трева ќе добие Крива Паланка

    18.07.2024 09:34 | KumanovoNews

    Во Општина Крива Паланка започна изградбата првото игралиште со вештачка трева за мал фудбал и првиот парк за миленици во општината.  

     

    Парк за миленици и игралиште со вештачка трева ќе добие Крива Паланка

    Градоначалникот Сашко Митовски кажа дека најновите проекти ќе чинат близу 8 милиони денари, а спортскиот комплекс во градот со овие содржини ќе добие нов, урбан лик. 

    „Денес започнаа активностите за уредување и изградба на првиот спортски терен за мал фудбал со вештачка трева, кој ќе зафати површина од 924 метри квадратни. Само оваа инвестиција е во вредност од над 3.800.000 денари и истата ќе донесе нови можности за сите млади, љубители на малиот фудбал. На овој спортски комплекс ќе се уреди и првиот парк за миленици во нашата општина, на површина од 800 метри квадратни и истиот ќе биде надополнет со детско катче за најмладите, за уживање во безгрижните денови“, изјави Митовски. 

     Паркот за миленици ќе биде опремен со едукативна кула, тројно скалило и други содржини за милениците, додека детското катче ќе вклучува мултифункционален детски реквизит и зип-лајн. Покрај тоа, ќе биде уредено со урбана опрема и нови корпи за отпадоци. 

     Овие проекти се дел од развојната програма на Општина Крива Паланка за 2024 година, во рамките на која се издвоени 30 милиони денари за модернизација и урбанизација на градот. Со оваа програма е предвидено поставување и уредување на десет детски игралишта надополнети со спортски терени во повеќе населби. Овие нови инвестиции ќе го подобрат квалитетот на животот за сите жители на Крива Паланка, создавајќи нови можности за спорт и рекреација.

    Никола Митовски