Поставена информативни табли за промоција на туристичкиот потенцијал на Крива Паланка На подрачјето на Општина Крива Паланка поставени се нови патоказни табли и урбана опрема со која се унапредуваат и промовираат туристичките локалитети и потенцијали во овој регион.
Донација за ранливите семејства во Кратово од Бугарската амбасада Бугарската амбасада во Македонија донираше 30 пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на Општина Кратово, кои ќе бидат поделени на социјално најзагрозените семејства.
Донација од 33 таблети за ученици од социјално ранливи семејства во Крива Паланка На иницијатива на Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ и во соработка со Општина Крива Паланка, денес беа донирани 33 таблети за двете основни училишта од општината, за ученици чии семејства спаѓаат во социјално ранливи категории.
Малите општини со многу проблеми, а со малку инспектори Помалите општини од Североисточниот регион имаат огромен проблем со недостиг на инспектори, заради што приоритетно се покриваат само најалармантните области.
Сo европски пари ќе се уредуваат Станечки водопади во Кривопаланечко Природните убавини на локалитетот Станечки водопади во с.Станци, Кривопаланечко, ќе станат достапни за љубителите на природата и туристите преку обезбедување на пристап и соодветна инфраструктура.
Радин мост- легенда што не престанува да ги привлекува туристите Потресната приказна за деветте браќа-ѕидари и убавата Рада се уште привлекуваат огромен број туристи, кои доаѓаат да го видат легендарниот Радин мост во Кратово.
Продолжен е рокот за исплата на финансиската поддршка од 6.000 денари Владата го продолжи рокот за искористување на средствата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход.
Одрони и излевање на реките во Крива Паланка Одрони и излевање на водата од речните корита на повеќе места регистрирани се на подрачјето на Крива Паланка, предизвикани од обилните врнежи во изминатите денови.
Спасовски во Крива Паланка: Инвестираме во стручна, опремена и ефикасна полиција Подобрувањето на условите за работа и опремувањето на полициските служби се дел од системските реформи што ги спроведува МВР за зајакнување на ефикасноста на полицијата и безбедноста на граѓаните, истакна министерот Оливер Спасовски при денешната посета на Крива Паланка, по повод завршните работи од реконструкцијата на Одделението за внатрешни работи.
Безмилосно се сечат шумите во Липковско, покажа истражувањето на „Евротинк“ Липковските села Белановце, Ваксинце, Слупчане, Липково и Матејче, се главни локации каде се врши нелегална сеча на шуми, покажало истражувањето на Центарот за европски стратегии „Евротинк“ на тема „Спротивставување на корупцијата во животната средина на локално ниво“.
Нашинец од Франција подари новогодишни пакетчиња на сите 300 ученици во Општина Старо Нагоричане Речиси триста новогодишни пакетчиња им беа поделени на учениците од сите одделенија во основните училишта во Општина Старо Нагоричане, подарок од нашинец од Франција.
Во Крива Паланка 31 ученик не може да следи онлајн настава Центарот за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка, во соработка со НВО Инфоцентар, организираше онлајн дискусија „Младитe и образованието во време на коронавирус“, на која учествуваа професори, ученици, психолози, како и претставници на граѓанскиот сектор и на локалните институции.
Актерот Гоце Тодоровски лауреат на 12-тото издание на МТФ „Свети Јоаким Осоговски“ Македонскиот актер Гоце Тодоровски ја доби наградата лауреат на Меѓународниот тетарски фестивал (МТФ) „Свети Јоаким Осоговски“, во Крива Паланка, која годинава се доделува по 12-ти пат за значаен придонес во областа на театарот и културата.
Распеано симитче по 6-ти пат во Крива Паланка Во Крива Паланка, по 6-ти пат, утре ќе се одржи Детскиот музички фестивал „Распеано симитче“, што го организира Цетарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, под покровителство на општина Крива Паланка и со поддршка на Министерството за култура.
Со гребeн асфалт се поправа патот кон манастирот Карпино Жителите на селото Сув Орав и околните села, со помош на ловџиите и планинарите започнаа со поправка на патот до манастирот Карпино.
Приведен кривопаланчанец, извршил тешка кражба во куќа во Илинден Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба, вчера го лишиле од слобода Н.В.(21) од Крива Паланка, поради сомнение дека на 1 ноември извршил тешка кражба во куќа во населба Илинден – Скопје.