Мени

Ана се враќа во форма, второ полуфинале за два месеци

06.08.2011 11:34 | KumanovoNews

Ана Ивановиќ продолжи со победите на турнирот во калифорнискиот Карлсбад, а во полуфиналето се пласираше со победа над седумнаесетата тенисерка во светот, Шуаи Пенг со 6:4, 6:2.

Ана се враќа во форма, второ полуфинале за два месеци

Ангажирањето на Најџел Сирса за главен тренер, како и враќањето во стручниот штаб на Скот Бурнс кој за кондицијата на српската тенисерка се грижеше и кога достигна прво место на WTA листата, донесува први плодови. Дури и кога противничката води со 4:1.

Така започна и овој меч, но тоа што 25-годишната противничка која е за едно место подобра на светската ранг листа и поведе со три гема разлика не ја вознемири Ана. Напротив.

Со четири аса, 75% добиени поени на свој сервис, четири искористени од девет брејк шанси и 22 освоени поена, Ивановиќ после 67 минути игра, влезе во полуфиналето.

Со своето друго учество во полуфиналето од јуни, кога во Бирмингем на чекор од завршувањето на борбата за трофеј ја заустави Данијела Хантухова (6:7(2) 6:3, 6:2), Ана ќе игра против Вера Звонарева. Русинката како прв носител ја победила Германката Сабина Лисицки со 6:3, 3:6, 6:4, па по девети пат во кариерата ке игра против Ивановиќ. Моменталниот резултат во нивните дуели е 4:4, а руската тенисерка го добила последниот, одигран 2009 во Индијан Велс кога резултатот беше 7:6(5), 6:2 во нејзина корист.

Во второто полуфинале во Карлсбад ќе играат Андреа Петковиќ и Агњешка Радванска.