Мени

Изгоре автомобил во Куманово

14.10.2026 11:27 | KumanovoNews

Паркиран автомобил „ауди“ со кумановски регистарски ознаки изгорел во пожар што избувнал вчера вечерта на улицата „Драги Шутевски“ во Куманово.

Изгоре автомобил во Куманово

Според информациите од СВР Куманово, пожарот бил пријавен во 22:11 часот. Возилото било сопственост на Љ. А. од Куманово.

Припадници на Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснале пожарот, а увид на местото извршила екипа на СВР Куманово.

Во инцидентот нема повредени лица.