Мени

Браќата Гасол во Барса

05.10.2011 10:41 | KumanovoNews

Марк и Пау Гасол објавија дека почнуваат да тренираат со екипата на Барселона за време на лок-аутот.

Браќата Гасол во Барса

Тие преку своите профили на социјалните мрежи објавија дека ќе се придружат во составот на Барселона.

Ќе тренирам со Барса. Горд сум што се вратив дома и што ќе тренирам со најдобрата екипа во Европа - изјави Марк на својот Твитер профил.

Неговиот брат, Пау, потврди дека следните неколку дена пристигнува во каталонскиот клуб.

Денеска можам да потврдам. Наредните денови почнувам да тренирам со Барселона - напиша постариот Гасол.