Мени

Цеск и Насри остануваат, пристигна Жервињо

11.07.2011 11:56 | KumanovoNews

Цеск Фабрегас е на чекор до Барселона, Манчестер Сити тврди дека се договорил за Самир Насри, а Арсен Венгер изјавува дека никој не си заминува од Арсенал.

Цеск и Насри остануваат, пристигна Жервињо

Францускиот стручњак вчера најави дека топџиите ќе ги задржат своите главни ѕвезди, плус дека е реализиран и трансферот на Жервињо, кој за 10,6 милиони фунти пристигна во Арсенал. Младиот напаѓач и репрезентативец на Брегот на слоновата коска беше лидер на Лил со 15 гола и 10 асистенции, успеја да го освојат француското првенство.