Мени

Четврто место за шахистите на Куманово

19.08.2011 10:54 | KumanovoNews

Шахистите на Куманово ја завршија овогодинешната сезона како четвртопласирани. Гамбит Асеко-Сее од Скопје е новиот екипен првак на Македонија.

Четврто место за шахистите на Куманово

Во последното коло Гамбит Асеко-Сее славеше против ГШК Кочани, а Алкалоид одигра нерешено со БМ Кисела Вода, по што беше промовиран новиот шампион.

Куманово во последното коло беше поуспешно против Бизнис Милениум со резултат 4,5 : 1,5. Од клубот изјавуваат дека се задоволни од постигнатиот успех, напоменувајки дека првите три екипи имаат поквалитетни состави. Кумановските шахисти успејаа да обезбедат опстанок во лигата, а најквалитетното шаховско друштво го напуштаат екипите на Бизнис Милениум и Карпош.

Резултати од последното коло:

  • Гамбит Асеко-Сее - ГШК Кочани 4.5 : 1.5
  • Алкалоид - БМ Кисела Вода 3: 3
  • Прилеп - Карпош 4 : 2
  • ГШК Куманово - Бизнис Милениум 4.5 : 1.5

Табела:

Гамбит Асеко-Сее - Скопје, Алкалоид - Скопје, Кисела Вода - Скопје, Куманово, Кочани, Прилеп, Бизнис Милениум - Скопје, Карпош - Скопје.