Мени

Дамјановски: Ќе го вратиме златното време на кошарката

10.09.2011 10:48 | KumanovoNews

 По 25 години пауза синоќа во спортската сала беше отворен Меѓународниот кошаркарски турнир Куманово 2011. На турнирот ќе се натпреваруваат 4 екипи од Македонија и Србија, а за отворен го прогласи градоначалникот Зоран Дамјановски.

Дамјановски: Ќе го вратиме златното време на кошарката

Куманово има традиција и даде големи кошаркашки имиња, а на овој турнир продефилираа познатите Цветковиќ, Џерџа, Чермак, Мишковиќ, Николиќ, Кичановиќ, Далипагиќ, Дражен Петровиќ, Јариќ и други. Со влегувањето на Куманово во првата Супер-лига се создадоа реални услови повторно да го организираме турнирот. Тој ќе се одржува пред почетокот на сезоната, затоа што тогаш екипите се послободни и можат да учествуваат - рече градоначалникот во своето обраќање пред публиката.

Во златното време на кошарката во Куманово, турнирот траел по две недели, а се натпреварувале најсилните југословенски екипи. Градоначалникот вети дека локалната самоуправа и спортските работници ќе се залага да се врати некогашното реноме и сјај на оваа спортска манифестација. За догодина учество на турнирот најавиле Партизан од Белград и Југопластика од  Сплит.