Давид Силва: Ќе го нападнеме Баерн
26.09.2011 10:37
| KumanovoNews
Давид Силва тврди дека Манчестер Сити е способен да одигра напаѓачки фудбал во Минхен. Тој верува во победата на „граѓаните“.
Манчестер Сити игра офанзивно оваа сезона, а Давид Силва верува дека Сити ќе го нападне Баерн на Алианц Арената.
Мислам дека ќе успееме да ги нападнеме како кога играме на домашен терен. Можеме да се држиме до нашите фудбалски принципи. Не треба да го менуваме нашиот стил на игра, без разлика дали играме на домашен или гостински терен - изјави поранешниот фудбалер на Валенсија.
Во првото коло од Лигата на шампионите Манчестер Сити играше нерешено со Наполи.