Дерби во Супер лигата
16.03.2011 15:19
| KumanovoNews
Дербито од кошаркарската Супер лига ќе се одигра вечер во Скопје, помеѓу МЗТ Скопје и Фени Индустри

Другите два натпревари од ова коло ќе се одиграат исто така во Скопје. Торус ја пречекува екипата на АБА Струмица, а почетокот на овој натпревар е закажан за 17:30 часот, додека 30 минути подоцна во салата „Македонија“ во Сарај е закажан стартот на натпреварот Лирија – Работнички.
На чело на табелата е Фени Индустри со 42 бода, пред МЗТ Скопје со 40, Работнички е трет со 37, Торус е четврти со 35, на петтата позиција е Струмица со 31, а последна е Лирија со 30.