Детали од договорот на Фабрегас
16.08.2011 11:20
| KumanovoNews
Доколку мислевте дека сагата за преоѓањето на Фабрегас од Арсенал во Барселона е завршена, тогаш не сте во право. Еве уште неколку детали од неговиот договор.
Според петгодишниот договор кој е потпишан на Ноу Камп, Барселона се обврза да доколку сака да го продаде шпанецот, прво мора да го понуди на Арсенал, кој има „предност во купувањето пред другите“.
Од друга страна, доколку Арсенал не сака да го купат поранешниот капитен, тие добиваат половина од сумата која Барселона ќе ја заработи од продавањето на Фабрегас во некој трет тим.
Дали од следниот преоден рок ќе започне сагата „Кога Фабрегас ќе се врати во Арсенал“.