„Диего врати се“
18.07.2011 11:51
| KumanovoNews
На местото каде што аргентинската репрезентација беше сместена на Копа Америка, наместен е транспарент кој го повикува бившиот селектор повторно да го преземе националниот состав.
Аргентинците после дебаклот го гледаат „светлото на крајот од тунелот“, бидејки изутрината беше закачен транспарент „Диего врати се“.
Сегашниот селектор, Серхио Батиста изјави дека нема намера да се повлече од селекторското место, иако доби многу критики и е назначен за главен виновник за неуспех.
Очигледно навивачите знаат кој ја донесува добрата атмосфера во екипата, бидејки сега на неславен начин го завршија континенталното натпреварување.