Домаќинот на Копа Америка конечно проработе
12.07.2011 11:30
| KumanovoNews
Аргентина конечно изигра натпревар на свое ниво. Кун Агуеро беше двоен стрелец, додека победата над Костарика, ја запечати Ангел Ди Марија.
Битен детал за аргентинците е тоа што тренерот Батиста конечно ја пронајде вистинската формација во која Лео Меси личи на себе. Ди Марија, Игуаин и Агуеро играат напред, додека Меси е веднаш зад нив што се покажа како голем проблем за одбраната на Костарика.
Тоа се лоши вести за Лавеци и Тевез, кои веројатно го изгубија местото во стартната постава.