Дурант преговара со ЦСКА Москва
18.08.2011 13:40
| KumanovoNews
Раководството на најдобриот руски клуб ЦСКА од Москва ги започна превоворите со најдобриот играч на последниот Мундобаскет, Кевин Дурант.
Според руските медиуми, Дурант е заинтересиран да ја продолжи кариерата во Европа, а лок-аутот му го овозможува тоа. Тој би требал да прима месечна плата од милион долари месечно, што е огромна цифра, земајки во обзир дека Лионел Меси прима 880.000 евра а Кристијано Роналдо нешто помалку од милион евра.
Доколку пристигне во ЦСКА, тој повторно би заиграл со Ненад Крстиќ во тандем.
Дека руската екипа е спремна да направи дрим-тим, говори и фактот дека е понуден договор на руската ѕвезда Андреј Кириленко.