Две бронзи за кумановските боксери
27.09.2011 12:08
| KumanovoNews
Младите боксери Николче Митевски и Атхе Мисини освојиа бронезени медаљи на младинскиот турнир Златна ракавица што по 29 пат се одржа во Нови Сад, Војводина.
Во полуфиналето Митевски беше поразен од словенскиот репрезентативец Синон Довц, додека Мисини не настапи во полуфиналето против српскиот репрезентативец Дарко Станковиќ, поради повреда. Освен Митевски и Мисини на турнирот настапија нашите репрезентативци Мендо Џеладин (60кг), кој во полуфиналето беше поразен од Русинот Рабадан Исмаилов (56кг). Ова е голем успех за нашите боксери ако се има предвид дека ва турнирот настапија репрезентациите на Босна и Херцеговина,Бугарија,Хрватска,Кипар,Франција, Унгарија, Македонија,Црна Гора, Русија, Словенија, Португалија и Србија.