Мени

Фалкао во Атлетико Мадрид

13.07.2011 12:05 | KumanovoNews

Серхио Агуеро наскоро го напушта Атлетико Мадрид, а управата има одлична замена на тоа. Него ќе го наследи напаѓачот на Порто Радемел Фалкао.

Фалкао во Атлетико Мадрид

Фалкао има одлична сезона одкако со Порто ја освои тројната круна, а во Лига Европа постана рекордер со постигнати 17 голови во 14 меча. Во првенството на Португалија постигна 16 гола, а моментално ги решета мрежите на Копа Америка турнирот.

Според Марка, Атлетико е спремен да исплати 30 милиони евра за него доколку го продадат Агуеро десетици милиони повеќе. Според медиумите Агуеро треба да бира помеѓу Манчестер сити и Челзи, а некои медиуми го врзуваат и со Реал Мадрид.