Фаворитите во НБА поразени
29.03.2011 11:24
| KumanovoNews
Пресврти
во НБА лигата, екипите кои се котираа на врвот на табелите претрпеа порази.

На натпеварите кои се одиграа ноќеска лидерите во двете конференции Чикаго и Сан Антонио загубија. Кошаркарите на Чикаго од Филаделфија, а кошаркарите на Сан Антонио од Портланд. Пораз претрпеа и второпласираниот на Истокот Бостон како и четвртиот на табелата Орландо.