Мени

Фергусон: Ова е луд свет, оставете го Венгер на мира

24.08.2011 14:35 | KumanovoNews

Тренерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон застана во одбрана на својот колега од Арсенал, кој трпи огромен притисок на клупата на топџиите.

Фергусон: Ова е луд свет, оставете го Венгер на мира

Венгер е на мета на жестоки критики по лошиот старт на сезоната, заминувањето на Насри и Фабрегас, неадекватните засилувања и фактот дека навивачите не веруваат во освојување на трофеј оваа година.

Живееме во луд свет. Сите се критички настроени и доволно е да се загубат два натпревари и сите да се истурат на вас. Сите зборуваат за Арсенал, и заминувањето на Арсен. Кој може да го замени? Тоа е бесмислено - изјави Фергусон.

Иако неколку пати Фергусон влегуваше во „војна“ со францускиот стручњак, Фергусон има почит кон Венгер.

Тој човек е неверојатен. Тој го подигна Арсенал на ниво на кое не ни сонуваа дека ќе биднат. Тој може да продолжи без разлика на критиките. Едина потребна работа во оваа игра се чепови за ушите - изјави Фергусон.