Фернандез во Реал, Пековиќ во Партизан
17.08.2011 12:24
| KumanovoNews
Руди Фернандез е новото засилување на Реал Мадрид додека трае лок-аутот во НБА лигата. Летечкиот Шпанец потпиша 4 годишен договор со Кралскиот клуб.
Како и сите останати НБА играчи, и Фернандез има опција да се врати во Далас Маверикс одкако ќе заврши лок-аутот. Сепак, тој има и опција доколку ја заврши сезоната во НБА да може да се врати повторно во Реал и да го одработи својот договор.
Никола Пековиќ и официјално стана нов член на тимот од Партизан. Контактите биле воспоставени на Екс-Ју турнирот каде Пековиќ изразил голем интерес да се врати во белградските црно - бели.