Извлечени се групите за Топ 16 фазата во Евролигата
04.01.2011 14:47
| KumanovoNews
Денеска во Барселона најдобрите 16 екипи ги добија своите противници во кошаркарската Евролига. Во оваа фаза од натпреварувањето се формирани нови 4 групи со по 4 екипи, од кои само првопласираните 2 разигруваат понатаму за пласман на фајнл-форот кој оваа година ќе се одигра во Барселона.

По ждребката групите изгледаат вака:
- ГРУПА Е: Панатинаикос, Каха Лаборал, Уникаха, Литвос Ритас.
- ГРУПА Ф: Макаби, Олимпија, Барселона, Лотоматика.
- ГРУПА Г: Монтепаски, Реал Мадрид, Ефес Пилсен, Партизан.
- ГРУПА Х: Олимпијакос, Фенербахче Улкер, Жалгирис, Валенсија.
Натпреварите започнуваат на 19. јануари па ќе се играат до 3. март