Јао Минг иде во пензија
09.07.2011 13:13
| KumanovoNews
Јао Минг одлучи да ја заврши професионалната кариера после девет години проведени во Хјустон Рокетс. Бројните повреди, неиграње се факторот поради кој кинескиот џин се повлекува од терените.
На сите ќе ни недостасува Јао. Тој е еден од најдобрите центри кои некогаш играле во НБА, и еден од најдобрите спортисти во историјата на Кина. Ќе ни недостасуваш - напиша Шекил О’Нил на Твитер, кој и самиот ја заврши кариерата.
Минг беше драфтуван како прв пик на драфтот 2002 година од страна на Хјустон. Играше осум пати на ол-стар мечевите, и имаше просек од 19 поени 9 скока и 1,9 блокади по натпревар со што покажа дека не е само џин од 229цм.
Минатата сезона тој одигра пет мечеви, иако се надеваше дека ќе може повеќе да издржи.