Корнер го освои Турнирот во мал фудбал
10.11.2010 11:08
| KumanovoNews
Екипата на Корнер го освои годинешниов Турнир во мал фудбал, по повод 11 Ноември, Денот на ослободувањето на Куманово.

Финалето на турнирот се играше со екипата на Ројал во Спортската сала, кој заврши нерешено, па победникот го одлучија на пенали. Корнерци беа поуспешни и со 4:1 во пенали го добија натпреварот. Пехарот на победникот го врачи Виктор Божиновски претсетател на Општинскиот сојуз на спортови.