Кошаркарите ја забележаа првата победа во Белград
22.09.2011 10:37
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово 2009, вчера го одиграа првиот натпревар од подготвителниот турнир кој се одржува во Белград. Нашите претставници беа поуспешни од КК Торлак - Белград со резултат 71:90.
Избраниците на Луковиќ имале одличен натпревар, а фактот дека повеќе играчи постигнаа двоцифрен број на поени зборува дека формата е подигната во однос на настапите во Спортската сала.
Најефикасни на натпреварот беа Јанушевиќ со 18 поени, Калов имал одлична партија со 15 поени и 9 скока, Матиќ 16 поени, Микиќ 12 поени и 11 скока а Јелесиевиќ го завршил натпреварот со 10 поени.
Денеска Куманово 2009 ќе се игра против екипата на Хемофарм - Вршац.