Кошаркарите на подготовки во Белград
Кошаркарите на Куманово од денеска престојуваат во Белград, каде ќе одиграат четири пријателски натпревари со екипи од Србија.
Според спортскиот директор Младен Давидовиќ, натпреварите со квалитетен противник ќе бидат тест за нашите кошаркари пред почетокот на новата сезона.
Уште денеска имаме натпревар со екипата на КК Торлак од Белград, а утре играме со Хемофарм во Вршац, кој е учесник во НЛБ лига и е финалист од минатата сезона во Србија. Во сабота и недела учествуваме на турнир кој ќе го организира КК Радницки од Белград. На турнирот покрај домаќинот ќе учествуваат и МЗТ Скопје и Мега-Визура од Белград. Овие контролни натпревари ќе ни послужаат да ја дигнеме формата на уште повисоко ниво, и нормално да ги согледаме слабостите за да во последна фаза од подготовките ги корегираме- вели Давидовиќ.