Кошаркарите службено во четврт-финале
12.01.2011 16:09
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово осмина-финалната рунда од Куп натпреварите ја добија службено. Ултимејт Баскет од Прилеп се одкажа од натпреварувањето, па така кумановчани продолжуваат во втората фаза од натпреварите каде ќе се сретнат со актуелниот шампион и бранител на Купот на Македонија Фени Индустри.

Првиот од двата натпревара ќе се одигра во Куманово следната среда, а реваншот за три дена во Кавадарци.