Кошаркарите со нови звучни имиња во тимот
Кошаркарите на Куманово по летниот одмор, ги започнуваат подготовките за новата сезона. Првиот тренинг ќе се одржи во понеделник во спортската сала, кога се очекува да бидат промовирани новите имиња во тимот.
Подготовките ги започнуваме два месеци пред почетокот на сезоната со цел да се уигра тимот и да постигнеме поголеми резултати. Амбициите ни се да влеземе во првите шест екипи од лигата. Ги продолживме договорите со Матиќ, Микиќ и Јанушевиќ, како засилување ќе ни се приклучи и македонскиот репрезентативец Александар костовски, кој доаѓа од Торус. Останатите имиња ќе бидат пријатно изненадување за нашата публика- вели Младен Давидовиќ, спортски директор на КК Куманово.
Во време на подготовките ќе се одржат и неколку пријателски натпревари со најдобрите македонски клубови, но се очекува и да се реализира и најавената посета на кошаркарите на Партизан од Белград.