Кошаркарите утре на гости во Прилеп
Кошаркарите на Куманово утре играат против екипата на Ултимејт Баскет во Прилеп. До крајот на сезоната кумановчани немаат право на кикс доколку сакаат да бидат дел од најквалитетното домашно кошаркарско друштво.

Со екипата на Ултимејт Баскет, Куманово требаше да игра во првата рунда од Куп натпреварите, но поради финансиски проблеми прилепчани се одкажаа од натпреварувањето. Поради истата причина Куманово доби службен натпревар против Пелистер од Битола, па нашите кошаркари по продолжениот одмор влегуваат со најсвеж состав во финишот од првиот дел од првенството.
После Ултимејт Баскет следува натпреварот против Торус на домашен терен, а клучниот натпревар ќе се одигра во последниот дел од колото против Лирија од Скопје.