Кумановци ја слават големата победа на кошаркарите
Историската победа на македонскта кошаркарска репрезентација над екипата над Литванија,и влезот во полуфинале на Европското првенство, граѓаните на Куманово го слават на Градскиот плоштад.
Околу илјада млади, со развиорени знамиња, вклучени сирени на автомобилите и скандирање „Македонија, Македонија„, шетаат по градските улици за да им одадат признание на спортските херои.
Секоја чест, имаме зошто да славиме. Кошаркарите покажаа извонредна игра во одбраната и голема пожртвуваност на теренот. Кога граѓаните и политичарите би биле сложни како нив каде би ни бил крајот? Верувам дека вака ќе играат и во финалето- вели Игор.
Лудило е! Се виде дека нашите кошаркари се сложни и го даваат нивниот максимум, бидејќи ја чувствуваат подршката од целата држава. Конечно сплотени и единствени. И ако не играат во финалето, тие се за нас победници на ова европско првенство- вели Андријана.