Куманово ќе соработува со Партизан
15.03.2011 09:10
| KumanovoNews
Кошаркарскиот клуб Куманово 2009 ќе соработува сo еден од најдобрите тимови на балканските простори Партизан од Белград.

Делегација на клубот и градоначалникот Зоран Дамјановски во петокот се сретнале со челниците на Партизан, каде начелно била договорена соработката на двата клуба на организациски план и размена на играчи. Со тоа се очекува да се реализира идејата Куманово да биде кошаркарски центар во Македонија. Договорот за соработка и отварањето на кошаркарска школа на Партизан треба да се случи наскоро, кога делегација на Партизан ќе биде гост на градот.