Куманово се среќава со Овче Поле
01.04.2011 13:29
| KumanovoNews
Утре во 19 часот, во Спортската сала Куманово ќе се одигра последниот натпревар од годинешново првенство во кошарка помеѓу екипите на Куманово и Овче Поле од Свети Николе.

Без разлика на исходот на натпреварот, Куманово ќе биде седмо пласирано со што обезбедува учество за следната сезона во Супер лигата. Влезот на натпреварот е слободен.