Кумановски боксери ќе учествуваат на турнир во Србија
Младите боксери на боксерскиот клуб „Куманово„ седумнаесет годишните Николче Митевски (64 кг) и Атхе Мисини (+91 кг), како дел од младата боксерска репрезентација на Македонија ќе настапат на меѓународниот турнир „Златна Ракавица„ во Србија.
Таму ќе ги вкрстат ракавиците со најдобрите млади, европски и светски боксери.
По 6 годишна пауза, Македонија повторно ќе земе учество на овој реномиран турнир кој се одржува од 1982 година. Овие неколку години немаше квалитетна генерација која би можела да се носи со квалитетот на боксерите кои доаѓаат на овој турнир, но сега по повеќе години повторно имаме квалитетни млади боксери- велат од боксерскиот клуб
Tурнирот ќе трае од утре до понеделник, а младите македонски боксери за Србија заминуваат денеска. Со Митевски и Мисини од Куманово ќе патува и 15- годишниот Џемаил Сакиповски, но неговиот настап е неизвесен. Младите боксери најавуваат дека ќе се врата со освоени медали.