Кумановските боксери на турнир во Србија
25.07.2011 09:58
| KumanovoNews
Николче Митевски (64 кг) и Џемаил Сакиповски (56 кг) успешно ги завршија подготовките во Струга и Охрид, во состав на младата македонска репрезентација.
Митевски и Сакиповски заедно со Атхе Мисини се подготвуваат за јуниорската златна ракавица во Србија која ќе се одржи од 21 до 25 септември во Нови Сад, на кој ке настапат околу 20 репрезентации.
За кумановските боксери секој медал од овој турнир ќе претставува успех најголема надеж за некој од медалите се полагаат на Николче додека Сакиповски сеуште е млад и тој ќе настапи со посебна дозвола од страна на лекарите (има само 15 год) и од него се очекува да собере што повеќе искуство за следните години -велат од клубот.