Мени

Кумановските планинари ќе се качуваат на Кораб

02.09.2011 10:19 | KumanovoNews

 Планинарскиот клуб "Козјак" од Куманово по повод Денот на независноста 8 ми септември, ќе учествува на традиционалното искачување на највисокиот врв во државата Кораб.

Кумановските планинари ќе се качуваат на Кораб

Искачувањето е на 2.864 метри надморска височина, а ќе се реализира во недела на 4 сепемтври.

Искачувањето на највисокиот врв се организира по 20-ти пат на покана на планаирско друштво "Кораб" од Скопје. На оваа искачување ќе учествуваат и гостите на кумановското планинарско друштво, од осум планинарски друштва од Србија со 65 планинари"- вели Мартин Величковски, секретар на СПК "Козјак

 Гости од Србија се: "Рунолист" од  Јагодина, "ПTT", "Копаоник" и "Железничар" од Бeлград, "Спартак" Суботица,  и "Нафташ" Нови Сад. Овие клубови како гости на кумановското друштво утре ќе го посетат Меморијален центар Пелинце ,а ќе се искачат на врвот "Китка" на  1,211 метри надморкса височина. Планинарите ќе престојуваат и во планинарскиот дом Малотино како и мегалитската опсерваторија Кокино.