Македонија вечерва ќе ја бара првата победа против Хрватска
После вчерашниот пораз од Црна Гора со резултат 70:65, Македонија денеска ќе се обиде првата победа да ја издвојува против силната репрезентација на Хрватска.
„Ќе ни биде многу потешко во продолжението од шампионатот. Овие играчи можат да одиграат повторно на високо ниво, но сега мораме да бараме победа против Грција или Хрватска, што навистина ќе биде многу тешко. За Гечевски уште не можам ништо да кажам, можно е да треба и утре да отсуствува од теренот, сепак тоа ќе се знае на минути пред натпреварот“, изјави селекторот Докузовски.
Селекцијата на Србија одкако ја совлада Италија има лесен наптревар со Летонија, а најквалитетни натпревари денес ќе биднат Велика Британија - Турција и Италија - Германија.
Иако србите има проблеми во почетокот на натпреварот против Италија, долгата клупа и овозможи и убедлива победа до крајот на мечот.
Во нашата репрезентација не постојат стартни пет, тоа е институција од НБА лигата. Имавме среќна околност што нашите играчи од клупата, влегоа спремни и направиа пресврт - изјави Ивковиќ.
Денеска на програмата се следните натпревари:
Група А
- Шпанија - Португалија (14:15 часот)
- Велика Британија - Турција (16:45)
- Полска - Литванија (20:00)
Група Б
- Летонија - Србија (14:15)
- Израел - Франција (16:45)
- Италија - Германија (20:00)
Група Ц
- БиХ - Црна Гора (14:30)
- Финска - Грција (17:00)
- Хрватска - Македонија (20:00)
Група Д
- Бугарија - Белгија (14:30)
- Грузија - Русија (17:00)
- Украина - Словенија (20:00)