Македонско финале на турнирот Куманово 2011
Кошаркарите на Фени Индрустри и Куманово 2009 ќе се борат за освојување на трофејот на турнирот Куманово 2011.
Присутните во Спортската сала Куманово, следеа два интресни натпревари во кои победникот се одлучуваше во последните минути. Во првиот натпревар, шампионот Фени Индустри во последните минути од натпреварот успеја да го скрши отпорот на младата екипа на Мега Визура од Белград.
Во вториот натпревар, домаќинот Куманово 2009 беше поуспешен од Борац Чачак, совладувајки ги со резултат 74:71. Куманово имаше предност во поголемиот дел од натпреварот иако таа најмногу изнесуваше 6 поени разлика. Најефикасни на натпреварот беа Немања Јелисијевиќ и Милан Јанушевиќ со 15 поени. Кај гостите од Чачак, Иван Жигерановиќ постигна 17 поени а веднаш зад него најефикасен беше Растко Драмичанин со 15 поени.
Денеска во 18:00 часот ќе играат Мега Визура - Белград и Борац од Чачак, а во 20:30 ќе започне финалето на турнирот помеѓу Фени Индрустри и Куманово 2009.