Меси доби казна поради честитка
26.01.2011 15:30
| KumanovoNews
Лионел Меси заработи парична казна од 2500 евра. Шпанската фудбалска федерација го казни играчот на Барселона одкако по постигнување на голот од пенал, го подигна дресот а на неговата маица пишуваше Среќен роденден, мамо (Feliz Cumple, mami).

Казната стигна бидејки покажувањето на пораки на ваков начин во Шпанија е забрането. Според пресметките, оваа сума аргентинецот ја заработува за нешто повеќе од 3 часа спиење.