Мени

Милијарда и седумсто милиони евра потрошени оваа лето на трансфери

01.09.2011 12:52 | KumanovoNews

Преодниот рок за фудбалери заврши вчера на полноќ, а големите клубови прилично ги одврзаа кесињата за да ги остварат своите цели - освојување на домашните првенства и Лигата на шампионите.

Милијарда и седумсто милиони евра потрошени оваа лето на трансфери

Во петте најпопуларни лиги на стариот континент, англиското, шпанското, италијанското, германското и француското првенство оваа лето за засилувања беа потрошени милијарда и седумсто милиони евра.

Премиер лига

Клубовите од островот беа најактивни оваа лето.

Арсенал остана без своите креатори на играта, Фабрегас кој замина во Барселона и Насри кој потпиша за Манчестер Сити. Покрај сите проблеми кои ги имаше со составот, Венгер успеа да ги доведе Жервињо, а последните денови се засили со четири нови играчи меѓу кои Бенајун, бразилскиот репрезентативец Андре Сантос, и играчот од средината на теренот Микел Аретета иако можеби тие не беа на врвот на листата на желби на „Професорот“.

Челзи најпрвин го доведе тренерот Андре Виљаш-Боаш од Порто, а по него пристигнаа Меирелеш, Ромела Лукакуа и Хуан Мата.

Манчестер Сити беше хиперактивен оваа лето, па го имаат најскапото засилување оваа лето - Серхио Агуеро, а селекторот Манчини ги доби Гаел Клиши, Самир Насри, Стеван Савиќ и Овен Харгривс.

Весли Снајдер дефинитивно останува во Интер, а Манчестер Јунајтед го доведе младиот голман Де Геа, дефанзивецот Фил Џонс, и одличното крило Ешли Јанг.

Ливерпул направи одлична реконструкција на екипата одкако пристигнаа Чарли Адам, Стјуарт Даунинг, Џордан Хендерсон, Хосе Енрике, Себастијан Коатес и голманот Дони.

Серија А

Јувентус е екипата која потроши 85,750,000 евра за засилувања оваа сезона. Последните денови Ељеро Елија го напушти ХСВ, а пред него пристигнаа Мирко Вучиниќ, Артуро Видал, дефанзивецот Стефан Лихштајнер. Голем дел од средствата отидоа на одкупување на договорите од играчите кои минатата сезона беа на позајмица - Алесандро Матри, Фабио Кваљарела и Симоне Пепе.

Веднаш зад Јуве, се најде Рома која со новиот тренер Луис Енрике доби и реновиран состав. Покрај Франческо Тоти, мрежата ќе ја чува Мартен Стекеленбург, а за ефикасност во нападот задолжени се Ерик Ламела, Бојан Кркиќ и Пабло Освалдо. Одбраната е засилена за Симон Кјаер, а пристигна и плејмејкерот Миралем Пјаниќ.

Милан се засили со Кевин Принс-Боатенг, Таје Таиво, Филип Мексес, Марко Амелија, одкупен е договорот на Ибрахимовиќ од Барселона а последен пристигна Антонио Ноќерино од Палермо.

Интер релативно мирно го пројде трансфер периодот ако се иземе сагата околу Снајдер во Јунајтед. На Џузепе Меаца пристигнаа Диего Форлан и Мауро Зарате.

Премиера

Двата најголеми шпански клуба оваа година само ги докомплетираа одличните клубови кои ги имаат. Барселона во своите редови ги доведе „само“ Цеск Фабрегас и Алексис Санчез, додека во Реал пристигнаа Коентраа, Шахин, Варана и Каљехона.

Малага потроши 58 милиони на засилувања како Ван Нистелрој, Каѕорла, Тулалан, Матјенсен и Хоакин.

Најголема сума на пари издвои Атлетико Мадрид, кој потоши 68 милиони евра на гол-машината од Порто Радмирел Фалкао. Притоа тие остануваа скоро петнаесет милиони евра во „плус“, бидејки заработиа околу 82 милиони продавајки ги Де-Геа во Манчестер, Агуеро во Стити и Форлан во Интер.

Лига1

Францускот ПСЖ најави дека ќе прерасне во еден од најголеимте клубови во Европа, па оваа лето веднаш по Манчестер Сити потроши најмногу средства за трансфери. Пристигнаа Хавиер Пасторе, Милан Бишевац, Кевин Гамеира, Диего Луган, Жереми Менез, Мохамед Сисоко и Салваторе Сиригуа.

Бундес Лига

Ѕвезда на преодниот рок во Германија беше Мануел Ноер кој премина во Баер Минхен за сума од 22 милиони евра. Баварците се посилни за Жером Боатенг, Рафин, и Нил Петерсен.

Сезоната 2011/2012 почна бурно, со силни средства за засилување на тимовите од страна на управите. Од страна на навивачите тоа е повторно „будење на надежта“ за да се остварат соништата.