Мени

„Мотостарс Битола“, победници на трката „Забел 2011“

29.08.2011 13:19 | KumanovoNews

Вчера во Општината Старо Нагоричане се одржа традиционалната Мотокрос трка - „ЗАБЕЛ 2011“ во организација на општина Старо Нагоричане и Мотоциклистичка Федерација на Македонија.

„Мотостарс Битола“, победници на трката „Забел 2011“

Трката се одржа на патека на м.в. Забел во Старо Нагоричане во присуство на многубројната публика, која навиваше и даваше подршка на нивните фаворити.

На трката како и секоја година учествуваа познати имиња во Mотокрос напреварувањата од нашата земја и Бугарија.

На трката учесниците настапија во неколку категории, при што беа постигнати следните резултати:

Класа 85

  1. Бесник Алиу - Јамаха - Шар Тетово - 25 25-50
  2. Кристијан Станковиќ - Кавасаки - Мотостарс Битола - 22 22-44
  3. Илир Рамадани - Каѓива - Шар Тетово - 0 0-0

Класа МХ2

  1. Никола Гулевски - Сузуки - Мотостарс Битола - 25 25-50
  2. Арбен Имери - Хонда - Шар Тетово - 22 22-44
  3. Стефан Денковски - Кавасаки - Вардар Скопје - 20 20-40

Класа МХ1

  1. Дарко Дејановски - Јамаха - Вардар Скопје - 25 25-50
  2. Симеон Николовски - Јамаха - Мотострс Битола - 22 22-44
  3. Миодраг Станковиќ - КТМ - Мотостарс Битола - 20 20-40

Екипно

  1. Мотостарс Битола
  2. Шар Тетово
  3. Бутел Скопје
  4. Вардар Скопје

Хоби (Меморијал Слаѓан Петковски)

  1. Борче Костов Сузуки Битола - 25 25 - 50
  2. Јован Стојков Јамаха Битола - 22 22 - 44
  3. Зоран Спасовски Хонда Куманово - 0 20 - 20
  4. Неџат Алиу КТМ Тетово - 20 0 - 20