Мени

Надал падна на пресконференција(видео)

05.09.2011 11:45 | KumanovoNews

Рафа Надал падна на земја и ги шокираше новинарите во прес собата по завршвувањето на дуелот со Налбандијан во рамките на третото коло од УС Опен, кој го доби со 3:0.

Надал падна на пресконференција(видео)

Додека Шпанецот одговараше на прашањата на новинарите, во еден момент направи болна гримаса на лицето, за на крај од болки да се спушти под масата. Новинарите кои во првиот момент биле избезумени, бидејќи не знаеле што се случува ја напуштиле просторијата, а по укажаната медицинска помош, по 15-ина минути со Надал се било во ред.

Откако докторот му помогна на Шпанецот да стане и да се врати во салата за пресконференции, тој низ насмевка објасни што се случило.

„Имав страшни болки во ногата, ме фати грч, тоа е се, имав грч и на предниот и на задниот мускул, беше многу болно но за среќа брзо помина“, изјави Надал.