Новицки дефинитивно игра во Литванија
23.07.2011 12:28
| KumanovoNews
Најдобриот играч оваа година во НБА лигата, Дирк Новицки го потврди својот настап на ЕП во Литванија.
Еден од најдобрите европски играчи во НБА, го предводеше Далас до првата шампионска титула, а оваа лето ќе се обиде да и помогне на Германија да оствари подобар успех.
Не сум многу одморен, но сакам да и помогнам на репрезентацијата да успее на ЕП. Ќе направам се да биднам спремен и се радувам на настапите - изјави НОвицки.
Покрај Новицки, учеството го потврди и Крис Каман, центарот на Лос Анџелес Клиперс.
Оваа првенство освен што ќе има најголем број на репрезентации, ќе има и најголем број НБА ѕвезди во своите состави.