Мени

Од Весели зависи дали ќе игра за Партизан

14.08.2011 13:10 | KumanovoNews

После Никола Пековиќ кој треба да потпише договор следната недела, спортскиот директор на КК Паритзан изјави за српските медиуми дека сака да го види Весели во своите редови, но од чехот зависи кога и дали тоа ќе се случи.

Од Весели зависи дали ќе игра за Партизан

Никола Пековиќ ќе потпише договор со Партизан во текот на следната недела, и ќе ги брани боите на поранешниот тим додека не заврши лок-аутот.

Дали по неговите стапки ќе оди и Весели, зависи од само него.

Тој е наш играч и секогаш ќе сакаме да го имаме во своите редови. Тој во договор со својот менаџер ќе одлучи дали ќе се врати. Што и да реши, ние ќе го почитуваме тоа.

Јан Весели овој драфт беше избран како шести пик од страна на Вашнгтон Визардс.