Мени

Одбојкарките на Србија се Европски шампиони

03.10.2011 13:44 | KumanovoNews

Во финалето на ЕП во белградски „Пионир“, Србинките беа подобри од Германија со 3:2, по сетови: 16:25, 25:20, 19:25, 25:20, 15:9.

Одбојкарките на Србија се Европски шампиони

Одбојкарките на Србија се новите европски шампионки. Во финалето тие беа подобри од Германија со 3:2, по сетови: 16:25, 25:20, 19:25, 25:20, 15:9. Посебно драматичен беше четвртиот период, во кој Германките влегоа со водство од 2:1 по сетови и кој го почнаа со 6:0 и со 10:4, но со огромна поддршка од публиката, домаќинот направи голем пресврт и го трасира патот до титулата. Со овој триумф избраничките на селекторот Зоран Терзиќ им се придружија на нивните машки колеги, кои пред две недели станаа европски прваци во Виена.

Во дуелот за третото место Турција ја совлада Италија со 3:2 (25:21, 15:25, 25:27, 25:19, 15:10).