Одложено последното коло во бокс
22.12.2010 08:31
| KumanovoNews
Поради ниските температури и немање на греење во салата во Скопје, во Општина Чаир викендов не се одржа последното коло во бокс.

Со оваа одложување завршува боксот за оваа година, следниот настап на Кумановските боксери ќе е во јануари по Новогодишните и Божиќните празници. Боксерите на клубот „Фајтери„ оваа година покажаа добри резултати, а особено се истакнаа на Државното првенство во Битола каде освоија 8 медали.