Мени

Пасторе во Челзи, Агуеро во Сити

26.07.2011 15:20 | KumanovoNews

Во споредба со минатите сезони, Челзи овој преоден рок е малку „подзаспиен“ кога се трансферите во прашање. Се бара играч од средниот ред, а Пасторе е „прв пик“.

Пасторе во Челзи, Агуеро во Сити

Овој трансфер доаѓа како резултат на повредата на Есиен, и пополнување на местото во тимот. Главни фаворити се Челзи и Реал, а интерес приавиле и Милан, Јувентус и Интер.

Аргентинецот веќе изјави дека би настапувал за сините од Лондон.

Друг Аргентинец се подготвува да се пресели на островот, одкако неговиот менаџер веќе пристигнал во Англија. Агуеро утре би требало да пристигне во Лондон, каде ќе ги почне преговорите со Манчестер Сити за негов трансфер. Сити би требало да ја плати клаузулата од договорот вреден 45 милиони евра.

Трансферот е веќе договорен, само се чека потврда од Агуеро, кој најпрво сакал да се сретне со тренерот Манчини.